РОДОТ И ОПШТЕСТВЕНАТА ОТЧЕТНОСТ: МОНИТОРИНГ НА ИМПЛЕНТАЦИЈАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАН ЗА АКЦИЈА ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ (2007-2012)

Име на проектот: РОДОТ И ОПШТЕСТВЕНАТА ОТЧЕТНОСТ: МОНИТОРИНГ НА ИМПЛЕНТАЦИЈАТА НА НАЦИОНАЛНИОТ ПЛАН ЗА АКЦИЈА ЗА РОДОВА РАМНОПРАВНОСТ (2007-2012)

Времетраење: 01/11/2011 – 31/10/2012 Извор на финансирање: Balkan Trust for Democracy и Центар за институционален развој имплементатор на Програмата CIVICA Mobilitas, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка)

Цели: Обезбедување на квалитативна и квантитативна процена и анализа на резултатите од спроведувањето на Годишните оперативни планови (2008, 2009, 2010, 2011) и севкупното ниво на имплементација на Националниот план за акција за родова еднаквост во Македонија; Предлагање на препораки на одговорните владини институции за форматот и механизмите за планирање, координација и известување за процесот на имплементација на стратешките документи во областа на родовата еднаквост; Промовирање на улогата на граѓанското општество за следење, потпирајќи се на концептот на општествена очетност.

Резултати: Подготвен е писмен предлог за Стратегијата за родова еднаквост во 2012 во поглед на вклучувањето на родот во современите општествени текови врз основа на наодите и резултатите од следењето и оценката во Националниот план за акција за родова еднаквост во Македонија; Предложени се политички препораки во однос на приоритетните цели, мерки и индикатори, интегрирани во Стратегијата за родова еднаквост и четиригодишен акционен план за нејзина имплементација; Засилена е размената на искуства и дебати меѓу клучните учесници за важноста од поврзување на родовата еднаквост и отчетноста со вклучени 100 претставници на НВО, локални и национални институции, меѓународни организации, студенти, експерти и активисти.