Времетраење: 16 месеци (01/05/2021 – 31/08/2022)
Извор на финансирање: Цивика мобилитас проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ Шведски развој АБ (ФЦГ Шведска) од Шведска.
Партнерски организации: Институт за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИОХН-С) и Здружение Радика ДЕ – Дебар.
Општа цел: Да придонесе кон пост пандемиско закрепнување на општеството преку засилено граѓанско застапување на родовата еднаквост фокусирано на скроени пристапи на централните и локалните власти за јакнење на отпорноста на жените како најпогодена категорија граѓани.
Специфична цел: Да се креираат алијанси на организации што ќе застапуваат родово сензитивни социо-економски политики во услови на постковид општествено закрепнување.
Очекувани резултати:
- Проценка на социо-економските потреби на жените и граѓанските организации кои работат на прашањата на родовата еднаквост во постковид контекст, потпирајќи се на студиите на UN Women, NDI, како и официјалните статистички податоци кои говорат за диспропорционалната економско-социјална погоденост на женското население и документи на јавни политики;
- Да се создадат нови модели на политики за родовите прашања како дел од приоритетите во креирањето социо-економски политики прилагодени на постпандемискиот контекст, со фокус на жените како policy категорија разбрана на начин кој е вклучувачки за сите модалитети на родова позиционираност;
- Да се развие модел за јакнење на граѓански/женски алијанси (платформи) за застапување на социо-економски политики на локално ниво во контекст на постковид општествено закрепнување, и со интерсекциска вклученост на етнички и социјално маргинализираните.