РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ ВО ПРЕТПРИСТАПНАТА ПОМОШ НА ЕК ЗА МАКЕДОНИЈА

Име на проектот: РОДОВАТА ЕДНАКВОСТ И ЗАЈАКНУВАЊЕТО НА ЖЕНИТЕ ВО ПРЕТПРИСТАПНАТА ПОМОШ НА ЕК ЗА МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 01/09 – 31/12/2008 Извор на финансирање: Меѓународна мрежа на родови политики (IGPN) и сопствени средства

Цели: Акцијата беше спроведена во рамките на регионалниот проект на Меѓународната мрежа за родова политика – Еднакви можности за жените и мажите – застапување за промена, со цел да се реафирмира родовата еднаквост и зајакнувањето на жените како еден од клучните принципи на развојната помош на Европската комисија.

Резултати: Беше подготвена Родова проценка на претпристапната помош на ЕУ (Advocacy Card) за претпристапната помош на ЕК за Македонија презентирајќи преглед на заложбите на ЕУ за родова еднаквост и оценка на родовите прашања во помошта на ЕК за Македонија; На консултативен состанок беа дискутирани препораките со актери инволвирани на различни нивоа во подготовката на документот на стратегијата: претставници на ЕУ, националната влада и организации на граѓанското општество.