СПРЕЧУВАЊЕ И ЕЛИМИНАЦИЈА НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Име на проектот: СПРЕЧУВАЊЕ И ЕЛИМИНАЦИЈА НА СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 2009 Извор на финансирање: Асоцијација за еманципација, солидарност и еднаквост – ЕСЕ

Акција Здруженска беше поканета како проект партнер на Асоцијацијата за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ за проценка на постојните капацитети на државните и НВО засолништа за жртвите на семејно насилство во Македонија и за анализа дали се имплементираат стандардите за работење предвидени со под- законските акти.

Акција Здруженска беше инволвирана во: Развивање на инструменти; Собирање на податоци (дистрибуција на прашалници и спроведување на интервјуа); Учество во финализацијата на нацрт текстот на анализата.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.