Име на проектот: Унапредување на политиките за родова еднаковост
Времетраење: 01/02/2011 – 31/12/2011 Извор на финансирање: Центар за институционален развој –ЦИРа, имплементатор на Програма CIVICA Mobilitas финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка
Цели: Придонес во изработката на Законот за еднакви можности на жените и мажите (2012)
Резултати: Изработена е првична анализа и општи препораки и конкретни предлози за изработка на нацрт текст на Законот за еднакви можности на жените и мажите; Предложените одредби се делумно интегрирани во финалниот нацрт на текстот на Законот за еднакви можности на жените и мажите; Подготвени се дополнителни коментари и измени на нацрт текстот на Законот за еднакви можности на жените и мажите и истите се доставени до Собранието на РМ и се интегрирани во амандманите кои ги поднесува Комисијата за еднакви можности на жените и мажите.