ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ПОЗИТИВНИ ПРАКСИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Име на проектот: ВОСПОСТАВУВАЊЕ НА ПОЗИТИВНИ ПРАКСИ ВО БОРБАТА ПРОТИВ СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ВО МАКЕДОНИЈА

Времетраење: 2005 Извор на финансирање: UNIFEM

Цели: Изработување на протоколи за постапување при семејно насилство за припадниците на полицијата, здравствените и социјалните работници и системот за дејствување на НВО професионалците; Зголемување на свесноста и надградување на  вештините на припадниците на полицијата, здравствените и социјалните работници и НВО професионалците за соодветно интервенирање во случаи на насилство врз жените/СМ; Поттикнување на релевантните актери за изработка на концепт за мултидисциплинарен пристап и систем на упатување во случаи на семејно насилство.

Резултати: Воспоставен е механизам за соодветен одговор на владините институции на семејното насилство; Воспоставени се стандарди на постапување на неформалниот систем на заштита од семејно насилство; Испечатени се и дистрибуирани се протоколи за поттикнување на поголема свесност и испечатена е Прелиминарна листа на упатување заедно со протоколите со цел да се утврдат клучните актери во ново дефинираниот систем на одговор на семејното насилство.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.