Име на проектот: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ И ЛОКАЛНИОТ АКТИВИЗАМ ЗА ЕФЕКТИВНИ ПОЛИТИКИ ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ ВО МАКЕДОНИЈА (co-aplicant)
Времетраење: 15/11/2012 – 15/11/2013 Извор на финансирање: UN Women
Цели: Застапувачите на родовата еднаквост и групите од граѓанското општество кои ги застапуваат правата на жените ги зајакнаа своите капацитети и глас за промовирање на родовата еднаквост и поефективно застапување за отчетност на клучните локални и национални претставници во спроведувањето на обврските за родова еднаквост.
Резултати: Зголемени се надлежностите на претставниците на локалната власт и локалните активистки за обезбедување на еднакви можности и вклучување на родот во процесот на креирање на политиките и буџетирањето на локално ниво преку партиципативни механизми за вклучување на приоритетите и потребите на жените и мажите од заедницата (пристап до инфраструктура, образование, социјална заштита, економско зајакнување, учество при донесувањето на одлуки) самите женски организации; Развиен е значаен дијалог помеѓу ЕЛС и локалните активистички мрежи преку организирање на форуми за родова еднаквост во општините (како работилници кои треба да продуцираат конкретни резултати) во рамките на кои НВО и неформалните локални граѓански групи работат заедно со претставници на ЕЛС; Ревидирани се политиките согласно утврдените потреби и приоритети на локално ниво со помош на партиципативен процес.