ЗАЈАКНУВАЊЕ НА ЛОКАЛНОТО ЖЕНСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ

Времетраење: 24 месеци (15 јуни 2020 – 15 јуни 2022)

Извор на финансирање: UN WOMEN (Во рамките на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во РСМ“, со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – Сида.)

Партнерски организации: ЖГИ Клеа-Битола; Радика Де-Дебар; Женски Форум-Тетово и ГИЖ Свети Николе; Здружение на произодители на органска храна „Биовита“- Кавадарци;  Здружение за родова еднаквост ВИЗИЈА Кавадарци; Здружение за рурален развој Рај Росоман; Здружение против дискриминација ЖЕНСКА СОЛИДАРНОСТ Ресен и Здружение на граѓани ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија.

Општа цел: Конструктивен придонес на жените во програмирањето и буџетирањето на локалните самоуправи

Специфични цели: 

  • Зајакнување на жените за активно учество во процесите на планирање и донесување на одлуки на локално ниво
  • Зајакнување на капацитетите на локалните женски организации  за граѓанска мобилизација на жените од заедницата и застапување на нивните интереси кај локалните власти

 

Очекувани резултати:

  • 8 локални женски организации финансиски и технички поддржани за спроведување активности за теренски опфат на жени (4 организации да продолжат со имплементација на напредни методолошки рамки за поттикнување на вклученост на жените во планирањето и донесување одлуки и 4 локални организации да пилотираат активности за информирање на жените во рурални средини);
  • Мрежи за поддршка на заедницата воспоставени во 10 рурални заедници (Шипковица, Боговиње, Желино, Буково, Новаци, Лозово, Дорфулија, Велебрдо, Аџиевци / Присојница и Папрадник); Воспоставени механизми за континуирана комуникација и размена на информации меѓу жените за третманот на приоритетите на жените од страна на локалната самоуправа, проценети со примена на стандардизирана рамка за следење на процесите на локално програмирање и буџетирање.
  • 1000 рурални жени таргетирани со информативни, едукативни, консултативни и мобилизирачки активности во заедницата ќе имаат подобрено знаење за компетенциите на локалната самоуправа и основна буџетска писменост, воспоставена социјална интеракција за прашања од заеднички интерес и ќе придонесат во изготвување предлози за политики до локалната самоуправа.
  • 300 жени директно вклучени во редовна комуникација со претставници на локалната самоуправа/избрани претставници и други релевантни актери, вклучително и во планирање и спроведување на иницијативи/кампања за јавно застапување.
  • Информирање на поширока јавност за предизвиците од секојдневната реалност на жените и потенцијалните решенија за намалување на нивното исклучување, со креативни производи за видливост.
  • Најмалку 1 предлог за приоритетна политика, обезбеден од жените во заедницата, ќе биде опфатен (програмиран, буџетиран или спроведен) од страна на општините таргетирани со проектот.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.