Застапување на родово инклузивни локални буџети

Времетраење: 01/07/2016 – 31/03/2018 Извор на финансирање: Цивика мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) од Македонија и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU) од Шведска

Општа цел: Унапредување на третманот на родовите прашања во програмското и буџетското планирање на локално ниво.

Очекувани резултати: Зајакнати знаења и вештините на женските НВО за следење и застапување специфичните потреби на жените во буџетските процеси на ЕЛС; Обезбедени релевантни информации за приоритетните потреби изразени од самите жени во заедницата и нивниот третман во буџетските процеси; Промовирана релевантноста на родовата еднаквост во управувањето со јавните финансии помеѓу жените во заедницата и локалните чинители.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.