Времетраење: 01/09/2013 – 01/07/2014 Извор на финансирање: Фондацијата Отворено општество – Македонија имплементатор на Проектот на УСАИД за граѓанско општество
Цели: Обезбедување на релевантни информации за напредокот во имплементацијата на Законот за еднакви можности на жените и мажите во 2013 година; Поттикнување на зголемен обем на активности, особено кај единиците на локалната самоуправа согласно обврските кои произлегуваат од Законот за еднакви можности на жените и мажите; Информирање на жените од локалните заедници за конкретните активности и мерки кои треба да ги обезбедат локалните власти за унапредување на родовата еднаквост.
Резултати: Спроведена компаративна проценка за напредокот постигнат од 25 јавни институции, 85 општини и Градот Скопје од спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите (2012-2013); Промовирани се резултати и препораки од следењето на имплементацијата на Законот за еднакви можности на жените и мажите во 2012 година во 13 единици на локалната самоуправа и 30 НВО; Изработен е и промовиран информативно-едукативна алатка за планирање, следење и известување за обемот и карактерот на активностите на различни актери од единиците на локалната самоуправа и застапувањето од локалните НВО; Промовирани се конкретните придобивки од спроведувањето на Законот за еднакви можности на жените и мажите меѓу 30 000 жени во 13 локални заедници во соработка со 5 локални женски НВО.