Проценка на спроведувањето на Стратегијата за воведување на родово одговорно буџетирање за 2012-2013

Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска во рамките на проектот „Проценка на присуството на родот во буџетското планирање во РМ“ спроведе мониторинг на спроведувањето на Стратегијата за родово одговорно буџетирање (2012‒2017) со цел да се идентификува постигнатиот напредок во остварувањето на резултатите предвидени за исполнување на стратешките цели во првата година од нејзиното усвојување.

Оваа публикација беше овозможена во рамките на програмата CIVICA Mobilitas – имплементирана од ЦИРа и финансиски поддржана од SDC.