Пацуровска: Учеството на жените во месните заедници е важно за промените на локално ниво

Учеството на жените во месните заедници и нивната вклученост во процесите на донесување одлуки беа меѓу прашањата што активистки од повеќе локални заедници ги отворија пред пратеничките во Собранието на Република Северна Македонија. Меѓу нив беше и Натка Пацуровска, активистка од организацијата „Женска акција“ од Радовиш и членка на Женскиот кружок Злеово.

Пацуровска, заедно со други активистки, имаше можност директно да ги претстави проблемите и предизвиците со кои се соочуваат жените во нивните локални заедници, со посебен акцент на недоволната застапеност на жените во месните заедници и нивното ограничено учество во одлучувањето за прашања од локално значење. Како што посочува таа, можноста да зборува пред пратеничките претставувала значајно и охрабрувачко искуство, кое дополнително ја мотивирало и самата активно да се вклучи во работата на својата месна заедница. Нејзината цел е преку сопствениот пример да ги поттикне и другите жени да се вклучат во локалните процеси, да ги артикулираат своите потреби и да учествуваат во донесувањето одлуки што непосредно влијаат врз нивното секојдневие.

Искуството на Пацуровска ја нагласува важноста од создавање можности за жените од локалните заедници директно да комуницираат со носителите на одлуки, но и да ја зајакнат сопствената самодоверба за активно учество во јавниот живот. Погледнете ја видео-изјавата на Натка Пацуровска, во која таа зборува за своето искуство во Собранието и за важноста од поголемо учество на жените во месните заедници.

 

 

 

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.