Времетраење:
15.06.2026 – 28.02.2027
Извор на финансирање:
German Women’s Fund filia die Frauenstiftung
Носител на програмата:
Акција Здруженска
Општа цел:
Придонес кон развојот на локалниот женски активизам преку поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои се посветени на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.
Специфична цел:
Придонес кон унапредување на еднаквоста, недискриминација и зајакнување на жените и девојките преку поддршка на локални иницијативи кои поддржуваат одржливи општествени промени.
Очекувани резултати:
- Зајакнати лидерски капацитети кај девојки и млади жени (16–30 години)
- Зголемено учество на жените во процесите на донесување одлуки и во јавниот живот
- Зголемена економската независност на жените
- Подобрени сексуални и репродуктивни права и здравје на жените
- Мобилизација на заедниците за теми како феминизам, социјални нееднаквости, родова (не)еднаквост и родово базирана дискриминација





