На 29 септември, жените од Дебар и Центар Жупа на јавната дебата „Женско лидерство како огледало на заедницата“ разговараа отворено за своите потреби, искуства и можностите за поголемо учество во локалното одлучување. Во фокусот беа конкретни прашања од секојдневието – питка вода, отпад, јавни простори, детски игралишта и активирање на месните заедници.
Дебатата покажа дека локалните проблеми најдобро се препознаваат од самите граѓанки кои секојдневно се соочуваат со нив, а нивното активно учество може да придонесе кон наоѓање конкретни локални решенија. Жените порачаа дека сакаат да бидат навремено информирани, слушнати и вклучени во процесите на одлучување во текот на целата година, а не само во периодот пред избори.
Жените порачаа дека сакаат да бидат информирани, слушнати и вклучени во локалните процеси во текот на целата година, а не само пред избори. Активноста ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ Куманово, во соработка со Здружение Радика-Де, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од Шведска.





