Жените од партнерските организации, Здружението „Радика-Де“ и Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, во Скопје учествуваа на едукативна работилница за градење на капацитетите, во организација на Акција Здруженска, The Kvinna till Kvinna Foundation и Хуманитарното здружение „Мајка“ од Куманово.
На работилницата жените дискутираа за јавни политики, ги препознаваа институционалните празнини и потреби и вежбаа техники за застапување за еднаквост и права.
Учесничките учеа како да ги идентификуваат институциите кои треба да обезбедат родова еднаквост, развија визија за подобри институции и понудија конкретни решенија за промена.
Со јасна цел – институции кои работат во интерес на жените и родовата еднаквост, учесничките направија чекор од локално кон национално ниво на делување.
Оваа активност е дел од проектот „Жените го превземаат водството во локалните заедници”, спроведуван од The Kvinna till Kvinna Foundation, Акција Здруженска и Хуманитарното здружение Мајка од Куманово, кој, пак, е финансиран од Делегацијата на Европската Унија во Свеерна Македонија и ко-финансиран од Амбасадата на Шведска во Скопје.





