Марш по повод институционалното игнорирање на потребите на жените

Во организација на ЛАГ Агро Лидер, жени од руралните средини од Бучин, неодамна излегоа на симболичен, тивок и достоинствен марш за да го потсетат општеството на вистинското значење на борбата за правата на жените.

Со силна, но ненасилна порака, под мотото „Наместо цвеќе – права!“, тие укажаа на долгогодишното институционално игнорирање на нивните потреби и предизвици.

Оваа јавна акција е потсетник дека правата на жените не се подарок – тие се резултат на борба, солидарност и заедничко делување.

Погледнето го видеото од маршот на жените од руралните средини од Бучин

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.