Ориентациска средба за субгрантисти во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“

На 12 февруари, во просториите на Граѓански ресурсен центар, се одржа информативна работилница за субгрантисти, за финансиско и наративно известување во рамки на  за субгрантисти, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“, кој е финансиран од Делегацијата на Европската Унија и ко-финансиран од Шведска, а имплементиран од Фондацијата „Квина тил Квина“ во партнерство со Здружението за унапредување на родовата еднаквост Акција Здруженска и Хумантарното здружение Мајка, Куманово.

„Продолжуваме со поддршка на локалниот женски активизам, во ова време невреме за правата на жените и родовата еднаквост. Имаме 7 избрани локални организации кои се субгрантисти и многу ми е драго што како екипа ќе продолжиме да го јакнеме женското водство во локалните заедници“, рече пред присутните Марија Савовска, извршна директорка на „Акција Здруженска“.

Субгрантирањето е главна компонента на акцијата и се надоврзува на децениското искуство и добра пракса на „Квина тил Квина“и „Aкција Здруженска“. Поддржаните субгрантисти ќе играат клучна улога во зајакнувањето на жените лидерки во локалните заедници, претежно од локалните и руралните области, преку нивно активно учество во процесите на донесување и одлуки на локално ниво.