Со кампањата за еднакво и праведно општество, насловена како „Вткаена женска визија“, целта е да се подигне јавната свест за важноста на лидерството на жените во локалните заедници, како и да се зголеми видливоста на активистките и женските локални организации, но и поттик за жените да се активираат. На средбата, членовите на проектниот тим ги поставија контурите на кампањата која треба да стартува наскоро.
Кампањата има за цел да им каже Не на стереотипите и предрасудите за учеството на жените во политиката и локалното управување. Една од целите е и да се зголеми видливоста на активистките и женските организации, како и да се поттикнат жените да преземат активна улога во општествените процеси.