Фонд за поддршка на локалниот женски активизам

Времетраење: 01/07/2025 – 31/12/2027

Извор на финансирање: Kvinna Till Kvinna Foundation

Носител на проектот: Акција Здруженска

Општа цел: Унапредување на учеството и влијанието на жените во локалните процеси на планирање, одлучување и креирање родово одговорни политики и буџети.

Специфични цели

  • Одржување и проширување на теренскиот модел за зајакнување на локалните женски групи, овозможувајќи им на женските кружоци самостојно да иницираат, организираат и водат застапувачки процеси пред локалните институции како редовна и вградена практика во заедницата.
  • Унапредување на организациските, програмските и административните капацитети на локалните женски организации преку долгорочна, флексибилна институционална поддршка што ќе овозможи премин од проектно кон програмско планирање и буџетирање, обезбедување континуитет и поефикасно користење на ресурсите за создавање видливи промени во општините.
  • Градење на хоризонтални алијанси помеѓу женските организации и жените од заедниците, поттикнувајќи простори за размена, меѓусебна поддршка, солидарност и координирано застапување за женското граѓанско учество и за родово одговорни политики и буџети на локално и национално ниво.
  • Ќе обезбедиме континуиран мониторинг и собирање докази за имплементацијата на обврските за родова еднаквост, со посебен фокус на практичната интеграција на родовата перспектива во локалните политики, услуги и буџети, како и на следење на напредокот во спроведувањето на новиот Закон за родова еднаквост.

Очекувани резултати

  • Зајакнат капацитет за застапување на 6 локални женски организации (Здружение Радика-Де Дебар, Граѓанска иницијатива на жени – ГИЖ Свети Николе, Хуманитарно здружение „Мајка“ – Куманово, Асоцијација „Женска Акција“ -Радовиш, Организација на жени – Струмица, Здружение на граѓани ОЖ „Женско Лоби“ – Демир Капија).
  • Подобрена автономија и функционалност на женските кружоци во 50 населби за спроведување локални застапувачки и заеднициски активности.
  • Зголемена видливост и влијание на локалните жени и организациите во донесувањето одлуки на 13 општини.