Доделени тематски грантови на 7 женски организации

Организацијата „Женско Лоби“ од Демир Капија, „Радика Де“ од Дебар, „Женска акција“ од Радовиш, Организацијата на жени од Струмица, „ЛАГ Агро лидер“ од Прилеп, Граѓанската иницијатива на жени од Св. Николе, како и организацијата „Жена“ од Делчево, се седумте нови грантисти во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Овој проект е финансиран од Делегацијата на Европската Унија, а ко-финансиран од Шведска и спроведуван во партнерство со Фондацијата „Квина тил Квина“ и хуманитарното Здружение „Мајка“ од Куманово.

Со активностите реализирани во рамки на овие тематски грантови, ќе се зајакне поврзаноста на организациите со жените од заедницата и ќе се поттикне зголемена видливост на нивниот глас и потреби, преку предлози за промена на исклучувачките консултативни практики и политики на локалните самоуправи. Цели, кои исто така треба да се постигнат, се и зајакнување на самодовербата, на тимската работа, информираноста, вештините за автономно преговарање за нивните права и пристап до локалните услуги, солидарноста кај женската заедница, како и олеснување на нивната комуникација со релевантните институци, кои се одговорни за спроведување на политиките и обезбедување услуги во областите во кои работи организацијата.