Жените од Делчево знаат, можат и застапуваат

Претставнички на Организацијата Жена од Делчево учествуваа на дводневната работилница за градење на капацитетите на локалните женски кружоци за национално застапување, која се одржа на 25 и 26 септември во Велес.

На работилницата се разговараше за човековите и женските права, родовата еднаквост и застапувањето, а преку практични вежби учесничките стекнаа знаења и вештини за тоа како потребите и иницијативите од локалните заедници да стигнат до институциите. Работилницата поттикна размена на искуства и зајакнување на соработката меѓу жените, со порака дека знаењето, заедништвото и активното учество се важни чекори кон промени.

Акција Здруженска, со поддршка на Filia die frauenstiftung, објави повик за доделување финансиска поддршка на локални женски организации, групи и активистки кои работат на унапредување на родовата еднаквост, зајакнување на женското движење и создавање општество без насилство, дискриминација и нееднаквости.