Времетраење: 26 месеци (декември 2024 – февруари 2026)
Извор на финансирање: UN WOMEN (Во рамки на проектот на UN Women „Промовирање на родово-одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија – Фаза 2“ и програмата „Промовирање на родово одговорно управување во Република Северна Македонија“ финансирани од Швајцарија и Шведска.)
Партнерски организации: Женска Граѓанска Иницијатива „Клеа“ – Битола; Радика Де – Дебар; Здружение „Женски Форум“-Тетово, Граѓанска Иницијатива на Жени – Свети Николе; и Здружение на граѓани ОЖ „Женско Лоби“- Демир Капија.
Општа цел: Конструктивен придонес на жените во програмирањето и буџетирањето на локалните самоуправи
Специфични цели:
- Застапувачките капацитети на локалните женски организации се зајакнати преку проширено теренско присуство и зајакнати теренски мрежи за поддршка кај руралните жени
- Конструктивен придонес кон инклузивно и родово одговорно работење на ЕЛС обезбеден од различни категории маргинализирани жени од руралните заеднициОчекувани резултати:
- Основани се нови Кружоци на 15 локации како неформални ограноци на 5те локални организации вклучени во спорведување на теренски активности
- Најмалку 13 Кружоци вклучени во напредна едукација за застапување развиле и спровеле акциски план за директно застапување и обезбедуваат повратна информација кај жените следејќи го годишниот циклус на програмирање и буџетирање на ЕЛС
- 1500 жени од 36 локации се вклучени во теренски истражувачки, едукативни и застапувачки активности
- Најмалку 500 од нив се вклучени во подготовка на застапувачки придонес кон општините
- 36 застапувачки иницијативи се спроведени во 12 ЕЛС
- Најмалку три приоритетни предлози за мерки поднесени кон ЕЛС од жени од 36 локации
- Усвоени се најмалку 12 приоритетни предлози (по еден од секоја ЕЛС)





